ЦСКА Москва е дебитант во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Но, игра како да е таму со традиција
ЦСКА Москва каде што игра единствената македонска репрезентативка во ЛШ, Сара Ристовска, е дебитант во ЛШ.
Но, веќе во првото коло играше нерешено со Ѓер и притоа не освои туку загуби бод, потоа го победи на гости поранешниот европски првак Будуќност, за вечерва да го совлада со 10 гола разлика познатиот романски клуб и актуелен шампион Влчеа.
ЦСКА Москва победи со 30-20, а Сара Ристовска во оваа победа придонесе со два гола.
Дуелите меѓу ФТЦ и Мец, односно Крим и Есбјерг што требаше да се играат денеска се одложени поради позитивни Ковид случаи.
Борусија Дортмунд ја совлада Подравка и тоа во Копривница, 26-25, а Кристијансанд како гостин со 33-29 славеше над Битенхајм од Германија.