Арпад Штербик и натаму е интересен во новинарските кругови и секогаш добредојден во насловите, без оглед што неговата кариера заврши со Ковид прекинот на претходниот шампионат
Унгарскиот „Вихир'“ го улови познатиот голман по натпреварот на Веспрем од Лигата на шампионите со ППД Загреб. Како и секогаш Штербик имаше што да каже.
„ППД Загреб е 100 пати понезгоден противник од Вардар или Пик Сегед“, вели Штербик.
Изјавата не се однесува на квалитетот на Загреб во однос на споменатите ривали или генерално за играчите на Веспрем, тоа е чиста голманска опсервација.
„Од гледна точка на голман. ППД Загреб има млади играчи за чии техники и стилови на шутирање имаме малку информации. Да не споменувам и дека тоа се млади ракометари, непознати имиња желни да се докажуваат и често се спремни за некој нов непредвидлив, храбар шут што може да изненади“ ,вели Штербик.
Меѓу стативите тешко дека ќе го видиме
„Бидејќи бев во тимот што играше во ЛШ, единствената мисла беше да бидам на клупата како морална поддршка, за Ф4, ако ништо друго. Гледајќи ги перформансите на голманите, нема да има потреба од тоа. Конечно, можам малку да здивнам, тоа го посакував. Сега можем полека и со мирно срце да се повлечам“.
По пензионирањето на Штерби, Веспрем на голманската позиција го има младиот Мартин Шекели и познатите Родриго Коралес и Владимир Цупара.
Со најитни букви во неговото пензионирање „пишуваше“ дека ако има потреба потврно ќе застане на голот. Но, времето (из)минва, таква потреба засега нема. Иако, далеку е уште 28 декември и Фајнал Фор турнирот во Келн.