ИХФ одложи нови мундијали

Јужна Америка административно испрати учесници на мундијалите во женска конкуренција У18 и У20



Јужна Америка го информираше ИХФ дека поради Ковид ситуацијата, не се во можност да организираат квалификации за СП Хрватска У18 и СП Романија У20 во женска конкуренција. 

Бразил, Чиле и Аргентина во У18 и Бразил, Чула и Парагвај во У20 конкуренција, службено треба да патуваат на мундијалите. 

Но, СП У18 што требаше да се организира во јули Кина беше преместено за септември во Хрватска, но и тоа е одложено за некој друг термин/ 

СП У20 што требаше да се игра во Романија во јули е презакажано за во декември, но и тоа е одложено. 

Така единствениот настан што досега не е откажан или одложен во ракометниот свет останува мундијалот во 2021 година во Египет. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk