Перковац: Требаше да ја завршиме работата во Скопје

Се ближи денот кога Металург и Луцерн одново ќе ги вкрстат копјата, овој пат во решавачки меч за пласман во групната фаза на Лига Европа



Металург и Луцерн наскоро ќе го одиграат и вториот меч од квалификациите за Лига Европа. По мечот во Скопје и двата тима жалат што мечот не го решиле со подобар резултат. 
Гостите беа пет минути подобар противник на теренот. Успеаја да поведат со два гола разлика 19-17, 20-18 и притоа да имаат и напад за плус три. 

„Дефинитивно, бевме подобар противник во тој период. Требаше тогаш да ја завршиме целата работа. Но, немаше храброст мојата екипа да возврати со контра напади и втор бран. Штета, но сепак, тоа е дел од процесот на учење низ овие меѓународни натпревари“, изјави Горан Перковац за Луцернер Цајтунг. 

Натпреварот нема да се игра во Луцерн, затоа што таму нема сала по ЛЕ стандарди, туку ќе се игра во Цирих. Ќе биде дозволен влез за публика во ограничен бројо, околу 1.000. 
Мечот се игра во вторник со почеток од 18:45, а ќе го судат српски сидии, Секулиќ и Јовандиќ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk