Да не си им во кожа на Раул и Криштопанс, ПСЖ се посрамоти на стартот

ПСЖ - ФЛЕНЗБУРГ    28-29 (18-14)
Л. Карабатиќ 5, Соле 4, Криштопанс 2 - Хампус Ване 6
ПОРТО - МЕШКОВ БРЕСТ  27-25 (12-9)
Митревски (13 одб), Соареш 5 - Марко Паниќ 9



„Пукна“ првата сензација во ЛШ. По пет порази од пет одиграни меча, во шестиот Флензбург и тоа како гостин го совлада извиканиот ПСЖ, каде што се чини столицата на Раул Гонзалез ќе почне да се тресе уште од вечерва. 

ПСЖ имаше плус четири на полувреме и навидум се имаше под конторла се додека во игра не влезе голманот Бенјамин Буриќ, а тој пак се прослави покрај ѕвездите на ПСЖ кои играа прилично неодговорно. Интересно, додека Флензбург го кршеше натпреварот во своја полза, Никола Карабатиќ и Микел Хансен беа на клупата. Подвлечено, Флензбург изгледаше како екипа која е во полна натпреварувачка форма, а ПСЖ екипа зад која се шест месеци пауза и недостаток на (многу) натпревари.
На крајот ПСЖ имаше последен напад за реми, но не го искористи и Флензбург заслужено победи. 

Победа остварија и Никола Митревски со Порто над Мешков Брест. Целиот натпревар го контролираше Порто, иако Мешков Брест беше релативно блиску. На крајот, конечни 27-25. Тоа е резултат со кој на уште еден Раул (Алонсо) почна да се ниша тренерското столче. 
Никола Митревски овој пат бранеше цел натпревар и имае 13 интеревенции, со то стана еден од клучните играчи во првата победа над Порто. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk