Сегед изгина на терен, но бодовите за Келце

ЛОМЖА КЕЛЦЕ - ПИК СЕГЕД   26-23 (12-7)
А. Душебаев 8, Карачиќ 4 - Кањељас 11, Радивојевиќ 6
АЛБОРГ - МОТОР   38-29 (17-13)
Сандел 8, Кристенсен 7 - Малашинскас 5, Орбовиќ 5





ПИК Сегед без девет играчи без отпишан на мечот во Келце. Но, Унгарците „заборавија“ дека се без девет играчи, па му пружија на Келце таква битка што мораа во последните минути со сите сили да играат и Карачиќ и Душебаев и да се радуваат на секој гол како пред нив да беше комплетен Сегед, а не една третина од тимот. 
Ако, пак, Андреас Волф (10 одб + 4 седмерци) не беше на висина на задачата, којзнае каков ќе беше епилогот. 

Конечниот резултат е 26-23, а Сегед во неколку наврати во финишот пропушташе шанса да стигне до минус еден гол. Бодовите останаа во Келце, но симната шапка и наклон до под заслужија Кањељас и малубројната дружина. 

Во Данска, пак, Мотор Запорожје, почна уште една сезона што ќе биде промашена како и претходните. Пораз од девет гола од непознатите Данци си дозволија ѕвезди како Малашнскас, Пуховски, Денисов... 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk