Целa екипа на Работнички во карантин!

Целиот тим на Работнички, заедно со двајцата тренери се позитивни на Ковид и во карантин




Нов голем Ковид удар претрпе македонската Супер лига. Комплетната екипа на Работнички е во карантин. Дури 15 играчи со двајцата тренери (Стојан Петрушевски и Пепи Манасков) се Ковид позитивни  и во изолација. 

Работнички е екипа од Група „Б“ каде што досега немаше Ковид случаи за разлика од групата „А“ која е ставена во мирување од 15 дена. 

Досега КЛ7 пријавија 16 позитивни случаи, во Струга имаше седум, во Охрид засега се двајца со реална можност да се зголеми таа бројка. Исто така и во Радовиш имаше двајца позитивни. 

Како стојат работите, РФМ ќе биде приморан да ги разгледува и алтернативните решенија за доигрување на првенството. 

Работнички требаше утре да игра меч со Металург, екипа која игра во Лига Европа. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk