Металург ќе брани два гола за Лига Европа

МЕТАЛУРГ - ЛУЦЕРН  26-24 (14-13)
Хорват 8, Мариќ 1, Серафимов 3, Тарабокија 8, Лазаревски 1, Додиќ 1, Канкараш 3, Потиќ, Поповиќ 1



Металург и Луцерн ја имаа првата битка за пласман во групната фаза во Лига Европа. Во празната „Јане Сандански “по 60 минути игра резултатот е 26-24, резултат со кој Металург мора да е задоволен. 

Тарабокија го отвори резултатот, но не се вратија брзо домашните и веднаш по само неколку секунди примија израмнувачки погодок. 
По седум минути игра и по два неискористени напади на двете страни, беше 4-3 за Металург. Добро функционираше нападот низ длабоката зона на гостите.
Влегувањето на Лајапне беше проследено со статива, а потоа Тарабокија за прв пат донесе плус два (5-3). 

Тарабокија играше одлична партија и Металург по 15 минути при 8-6 имаше напад и за плус три, но откако не мина таа акција, се свртеа работите. Луцерн намали на на 7-8, а откако голманот Пол Бар одбрани шут на Серафимов, Луцерн беше и во можност да израмни. И тоа и го стори во 17 минута (8-8).
Потоа Серафимов промаши и пенал, но Дупјачанец спречи негатива, а Хорват донесе 9-8. 

Хокерски ги смени бековите Кастратовиќ. Во 20 минута влегоа Мариќ, Додиќ и Потиќ, а првата тројка се пресели на клупа. Потиќ и Додиќ ги разиграа Хорват и Канкараш и Металург ви 25 минута одново имаше плус два (11-9)...но, 11-11 е следниот резултат што го белижиме. 
Линијата Потиќ - Хорват беше одлична уште еднаш за четвртиот гол на Хрватот за 12-11. Мариќ погоди за 14-12, но гостите некако успеаја да погодат на пет секунди до крајот на полувремето за 13-14. 

Гостите први напаѓаа во вториот дел, неуспешно, но и Металург им врати со исто, па во следниот обид Луцерн израмни на 14-14. 
Во 35 минута, запишавме прво водство на гостите во вториот дел, 16-15. 

Хорват од пенал израмни, а имаше и играч повеќе во следните две минути Металург. Имаше и напад, но Поповиќ шутираше директно во голманот на Швајцарците. 

Во 40 минута, при 17-17 беше досуден пенал за гостите и исклучување за Канкараш, но не го искористија пеналот Швајцарците. Но, го искористија следниот напад и одново водеа (18-17).
Потоа Кастратовиќ мораше со тајм аут да спасува уште еден изгубен напад... Решението по тајм аут да одиграа цепелин беше уште една загубена топка. 

Во 44 минута Луцерн поведе со 19-17, па во игра се врати и Тарабокија кој беше на клупата уште од 20-тата минута. Лазаревски намали на 18-19, но сега и среќата им го сврте грбот. Одбиена топка од статива заврши во рацете на гостите, на спротивната страна исто така статива и одново топката се одби кај нив. 
Така стигнаа и до напад за плус три во 47 минута... 

Три врзани одбрани на Дупјачанец го вратија во живот Металург. На десет минути до крајот одново беше нерешено 20-20. 

Конечно видовме и еден контра напад и тоа во 55 минута од Златко Хорват за водство на Металург од 22-21. Потоа одново добра одбрана, Дупјачанец одново фати, па следеше полуконтра од Тарабокија и водство од 23-21 и тајм аут за Перковац

Гол за гол се водеше битка со тоа што Металург се бореше за плус два кога на минута и пол до крајот Канакараш од чиста позиција промаши цел гол и им даде на гостите напад за реми. 

Дупјачанец одбрани удар што беше под закана за пасивна и Металург во последните 30 секунди напаѓаше за плус два. Серафимов од девет метри биеше за 26-24.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk