Металург со плус еден на полувреме

МЕТАЛУРГ - ЛУЦЕРН   (14-13)



Металург и Луцерн ја бијат првата битка за пласман во групната фаза во Лига Европа. Во празната „Јане Сандански “по 30 минути игра резултатот е 14-13

Тарабокија го отвори резултатот, но не се вратија брзо домашните и веднаш по само неколку секунди примија израмнувачки погодок. 

По седум минути игра и по два неискористени напади на двете страни, беше 4-3 за Металург. Добро функционираше нападот низ длабоката зона на гостите.
Влегувањето на Лајапне беше проследено со статива, а потоа Тарабокија за прв пат донесе плус два (5-3). 

Тарабокија играше одлична партија и Металург по 15 минути при 8-6 имаше напад и за плус три, но откако не мина таа акција, се свртеа работите. Луцерн намали на на 7-8, а откако голманот Пол Бар одбрани шут на Серафимов, Луцерн беше и во можност да израмни. И тоа и го стори во 17 минута (8-8).
Потоа Серафимов промаши и пенал, но Дупјачанец спречи негатива, а Хорват донесе 9-8. 

Хокерски ги смени бековите Кастратовиќ. Во 20 минута влегоа Мариќ, Додиќ и Потиќ, а првата тројка се пресели на клупа. Потиќ и Додиќ ги разиграа Хорват и Канкараш и Металург ви 25 минута одново имаше плус два (11-9)...но, 11-11 е следниот резултат што го белижиме. 
Линијата Потиќ - Хорват беше одлична уште еднаш за четвртиот гол на Хрватот за 12-11. Мариќ погоди за 14-12, но гостите некако успеаја да погодат на пет секунди до крајот на полувремето за 13-14. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk