ВЕСТИ: Нов договор зо Јиха, Крим во карантин...

Презадоволни со соработката со Филип Јиха, иако не комплетираше ниту една сезона како тренер, раководните на Кил му понудија нов договор и пред стартот на Бундес лигата објавија дека Јиха ќе биде тренер на Кил најмалку до јуни 2023.



Женската екипа на Крим Љубљана е во карантин. Тие играа меч во Русија каде беа творци на изненадувањето на колото, со победата над Ростов. 
Но, иако кон Русија сите заминаа како Ковид негативни, на тестирањето на аеродромот во Франкфурт, при враќањето еден член имал позитивен тест. Затоа се сите во карантин и средбата со Есбјерг од следното коло најверојатно ќе биде одложена. 

Во машката Лига Европа, поради компликациите со Ковид во унгарските клубови, екипите на Тримо Требње и Балатонфуред ќе одиграат само еден меч. Таа средба се игра вечерва во Словенија. 

Не е едноставно да патуваат клубови, не е ниту за судиите и делегатите едноставно. Затоа сезонава делегати на натпреварите се меѓународните делегати од земјата домаќин. Така на пример, Камер Металари ќе биде делегат на мечот Металург - Луцерн. 
Но, во Полска, пак, сосема е друга приказната. И таму на ЛЕ мечот Висла - Кристијансанд делегат ќе биде Баум, а на средбата Келце - Веспрем неговиот неговиот некогашен судиски партнер Горалчук. Интересно, двата меча денеска на ЛЕ, а утре на ЛШ ќе ги суди иста судиска двојка, Данците Мортенсен и Мадсен. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk