Чаир покажа заби, но бодовите се за Металург

МЕТАЛУРГ - ЧАИР    27-26 (15-12)
Божиновска 6, Арсениевска 4, Дамчевска, Тасевска 4 - Николовска 10, Рахмани 6



Металург ја однесе победата на дуелот со Чаир на меч што беше означен како дерби на колото. Минимална, победа, само (27-26) што не е очекуван епилог, иако се уште актуелниот првак имаше 27-23 и можеше да си дозволи луксуз, мини серија од 0-3 и пак да победи. 
Но, беше само 24-23 во еден момент, а тоа го става Чаир во позиција да можел и да изненади денеска. 

Постариот суперлигаш ги собра бодовите, предизвикуквачот ќе чека нова шанса. Но, добро е што има и трет или подобро кажано четврт клуб што заедно со Куманово, Металург и Вардар може да игра поважна улога и некому да помрси сметки. 

Куманово денеска имаше лесна задача и со 48-19 славеше над екипата на Пелистер. Претходно Вардар ја совлад Гевгелија, а Свети Николе со цел плен си замина од дуелот со Кузман Вардар. Победија гостите со 28-23 (13-9). 





 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk