ИХФ подготвува промена на правилата

ИХФ тестира три потенцијални промени на правилата. Седум на шест, останува на сила. 



ИХФ планира промена на три правила на ракометната игра. Тие ќе бидат тестирани низ 12 држави во тековната сезона, потоа ќе се сумираат резултатите и ќе се донесе соодветна одлука. 

Седум на шест останува. Односно останува правилото кој било играч да може да се замени со голман, што овозможува да се игра 7 на 6. 
Пасивната игра е секогаш предизвик. Бројот на додавања ќе се намали од 6 на 4. 

Изведувањето од центар ќе се менува. Сегашното „мора“ да се тргне од центар, да се гази на линија и да не биде играчот во трк или скок се менува. 
Во многу сали центарот веќе не е ни одбележан затоа што има реклами. Ќе се тестираат две варијанти, да може да се почнува игра во радиус од 3.5 метри и во радиус од 4.5 метри. 
Ова ќе биде проблем за тие што играат 7 н 6, ќе мора многу побрзо да менуваат за да не примаат голови од центар. 

Третата промена е чиста козметика. Удар на голман во лице од седум метри или слободен удар досега беше дисквалификација. Сега ќе се казнува со две минути. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk