Шест позитивни во ПИК Сегед

Пик Сегед ги доби резултатите од тестовите и тие не се добри.



Ракометарите на ПИК Сегед денеска излегуваат од карантин. Сите освен шестмина. Кај нив тестовите покажале позитивен наод на Ковид 19. Тие остануваат во карантин според протоколот. 

ПИК Сегед во карантин влезе на 13 септември, три дена пред нивниот дуел со ПСЖ, меч што е одложен. Денеска ги доби вторите резултати. 
Против Вардар треба да игра на 1 октомври, освен ако нема поместување и на тој натпревар. Ќе биде трка со времето, дали овие шест играчи ќе можат да играат против Вардар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk