Две од две за Шундовски во Катар

Звонко Шундовски успешно влезе во сезоната во Катар. По две кола има две победи. 



Поранешниот селектор на Македонија и тренер на неколку македонски екипи, Звонко Шундовски како тренер на Ал Рајан од Доха, ја оствари втората победа на вториот официјален меч.

Откако во првото коло беа подобри од звучниот Ал Сад, во второто коло со 29-21 го победија тимот на Ал Шамал. 

Ал Рајан со втората победа си ја потврди својата позиција и високи амбиции и наскоро на ред ги чекаме и големите дерби натпревари. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk