Зборнаја без играчи од Вардар

„Додека сум јас претседател, некои играчи веќе нема да заиграат за Русија“, изјави претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев по елиминацијата на Русија веќе во првиот круг, со три порази од ЕП 2020



Осум месеци по оваа изјава на Шишкарев, Русија го објави првиот состав. Новиот селектор Велимир Петковиќ кој дојде на местото на Едуард Кокшаров повика 29 ракометари.

Единствените што играа на ЕП, а ги нема на овој список се Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Глеб Калараш и второто десно крило Димитри Ковалев. 

Тимур Дибиров го претрка селекторот и пред околу еден месец објави дека се повлекува од репрезентацијата. Сергеј Горбок неодамна објави дека ја завршува кариерата. Со ваков расплет, веќе и заканата на Шишкарев го загуби смислот, но рековме дека ќе одбележиме кога ќе излезе првиот нов руски состав. 

Покана има за поранешните вардарови играчи Данил Шишкарев, Сергеј Горпишин, Павел Атман и Димитри Кисељов. 

Ова е прв пат по повеќе од пет години во репрезентацијата на Русија да нема ниту еден играч на Вардар. Тоа е голем пресврт со оглед на тоа дека во Вардар имаше толку Руси што првиот собир не неколкупати место во Русија репрезентацијата го имаше во Скопје. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk