Победи за Флензбург и Веспрем

Комплетиран е првиот натпреварувачки ден од новата сезона во Лигата на шампионите



РЕЗУЛТАТИ
Целје - Алборг  29-31 (16-15)
Мешков Брест - Вардар   24-22 (12-10)
Флензбург - Келце   31-30 (14-14)
Нант - Веспрем 24-28 (10-11)

Кирил Лазаров и Дејан Манасков денеска беа еден против друг во првото коло од Лигата на шампионите. Двајцата постигнаа по пет гола. Лазаров за Нант тоа го стори од девет обиди, Манасков за Веспрем погоди пет од шест шута. 
Победи гостинот од Унгарија, 28-24 (11-10). 

Драматичен меч во празната Фленс Арена одиграа Флензбург и Келце. Полјаците водеа постојано, но во финишот никако не можеа да ја склопат својата одбрана и Флензбург успеа со пресврт да стигне до 31-30 и да се одбрани во последниот напад. 

Утре се играат преостанатите три натпревари. За жал мечот ПИК Сегед - ПСЖ нема да се игра во предвидениот термин. 

18:45  Мотор - Барса
18:45  ППД Загреб - Кил
20:45  Порто - Елверум
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk