Вардар со срце за три бода, но нула на салдо

МЕШКОВ БРЕСТ - ВАРДАР 24-22  (12-10)



Со пораз, по голема битка во Брест, Вардар ја стартуваше новата сезона во ЛШ. Одигра можеби најдобар меч во предсезоната црвено-црниот состав, овој пат, за жал, недоволно за победа. А малку недостасуваше. 

Мешков Брест со два гола предност го доби првиот дел. Резултат со кој Вардар не може да биде задоволен, но не може да биде ниту несреќен затоа што поблиску беше да биде полошо, отколку подобро. 

Средбата барем во воведниот дел немаше некој осoбен ритам, но домашните први се одвоија на 5-3. Тогаш Вардар го имаше првиот кам-бек на мечот, со серија од 3-0 го презема водството. Плус имаше напад. 
Серијата на Вардар ја прекина, хмм.. Чупиќ. Прво беше „наместен“ на пробивање, па додека се „молеше“ и чудеше му попречи на противничкиот ракометар да дојде до топката и заработи исклучување. 

Тоа го искористија домашните и се вратија во водство 7-6 преку Шкуринскиј и Паниќ.  Потоа и Векиќ заработи „школско“ исклучување, па Мешков Брест, каде свои моменти имаше голманот Иван Пешиќ ја имаше контролата и водство од 11-7. 

Дојде време за втор кам-бек на Вардар на мечот. Намали на 9-11 македонскиот тим, но тука бепе запрен. До крајот на полувремето остана разликата од два гола. 

Марко Вујин покажа делови од своите најдобри моменти, постигна четири гола од шест обиди, а генерално и одбраната беше солидна. На спротивната страна, среќа што Сташ Скубе не игра како што играше во Вардар. Имаше неколку луцидни асистенции, си ја одработе својата задача, но барем во првиот дел, не го видовме „тој“ лидерски настроениот Скубе. 

Вториот дел почна со два гола во мрежата на Вардар и водство на Мешков од 14-10. 

Следеше третиот кам бек на Вардар на мечот. Овој пат со резултатот се врати и самодоверба и елан и заличе Вардар на самиот себе од минатите времиња. Барем во поглед на борбеноста. 
Вардар покажа карактер на победник, нешто што Мешков го немашео или вешто го скри на овој меч. Под водство на Раул Алонсо веруваме и не им е тоа којзнае колку тешко, иако на Шпенецот ќе му препишеме и понекој добар потег, како внесувањето на Мацкевич и Малус во игра. 

Серијата на Вардар беше 6-0 и водство од 17-15 од 33 до 40 минута. 
Потоа повторно екипите влегоа во игра гол за гол, а Мешков некако се извлече од кризата, односно Марко Паниќ што воиграно, што на среќа постигна два гола и израмни на 17-17. 

И одново игра гол за гол,  овој пат до самиот крај. Но, немаше хепи енд за Вардар. Добра беше одбраната во последните моменти на Мешков и успеа да им донесе 24-22, конечна победа. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk