Вале Радуловиќ се враќа на терен!

Екипата на шампион, во своите редови ќе има ракометарка што играла за Кометал Ѓ. Петров, Хипо и Слагелсе...Нешто што веќе го нема во ракометниот свет



Екипата на Шампион од Скопје, учесник во женската Супер лига, на ракометните фанови, тогаш кога ќе им биде дозволено присуство на трибините, ќе има што да им покаже. Ќе има да им покаже играч каков што веќе нема во Европа. 

Оваа скопска екипа на терен ќе има ракометарка што играла и тоа запазена улога за трите големи брендови во женскиот ракомет во последните дваесетина години - Кометал Ѓ. П. Хипо и Слагелсе, екипи што заедно тежат 12 шампионски титули во ЕХФ Лигата на шампионите. 

Валентина Радуловиќ, едно од најпрепознатливите македонски имиња кога се работи за ракомет, со шампионски титули од ЛШ, ќа ја прекине ракометната пензија и се враќа на теренот. 

Таа во нејзиниот клуб Шампион, член на Супер лигата, ќе биде тренер, но регистрирана е и како играч, па во секој момент може да го облече дресот и да истрча на терен. Тоа секако ќе се случи, порано или подоцна, прашање е само кога и со колкава минутажа. 


Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини, текстови, од оваа страница е дозволено само дозвола од редакцијата и со линк од содржината

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk