Алкалоид и судиите договорија соработка

За првпат од осомостојувањето на Македонија е обезбедена целосна опрема за сите судии. Судиите ќе бидат облечени во Хумел, а спонзорството е од АД Алкалоид. Соработката беше официјализирана денеска.



Денес во АД Алкалоид беше остварена средба и потпишан договор за меѓусебна соработка помеѓу и г-дин Живко Мукаетов од АД Алкалоид и Здружението на Ракометни Судии Македонија претставувано од претседателот Ѓорѓи Начевски и меѓународните судии Славе Николов, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.


 
Имено сите Македонските ракометни судии од оваа сезона се опремени во опрема Hummel исто како што се и судиите во ЕХФ, а целата опрема е покриена од АД Алкалоид .... Од страна на ЗРСМ на г-дин Живко Мукаетов беше му доделена Благодарница и судиски дрес за се што има сторено и за што се залага во Македонскиот ракомет и судиската организација ...
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk