ГЛЕДАЈТЕ ДЕНЕСКА: Лазаров против Веспрем

Нов формат, повеќе пари за учесниците и маркетинг стратегија со која раометот би требало да ја намали разликата со другите спортови... Денеска стартува ЛШ, а освен Вардар на терен ќе го видиме и Кирил Лазаров и тоа против „неговиот“ Веспрем



ДЕНЕСКА:
18:45  Мешков Брест - Вардар (А група)
18:45  Целје - Алборг (Б група)
20:45  Флензбург - Келце (А група)
20:45  Нант - Веспрем (Б група)

По една сезона пауза, Кирил Лазаров одново се враќа во ЛШ и ќе продолжи да го подобрува својот гол-рекорд што тешко дека во следната деценија некој ќе успее да го сруши. 
Како што вели во неговата последна сезона, во ЛШ стартува против клубот во кој со години се кградеше како игра - Веспрем. 

Во групата во која игра Вардар ќе го видиме Флензбург против новиот Келце. Овој пат нема збиен бундеслигашки распоред, па Флензбург нема да може дас се “вади“ на првенство, па ќе мора да игра како што игра во Германија. 

Натпреварите за Балканките простори ги пренесува Арена ТВ, а ќе можете и на ehftv.com  да ги следите средбите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk