Ковид ја закачи и Барса, без тренер во Запорожје

Ковид 19 има и во тимот на Барса. Но, за Запорожје нема да патуваат само двајца



Ковид 19 ја поткачи и Барса. За нивна среќа не со полна сила, но сепак, вклучи аларм дека не смее да има опуштање.
Алекс Пасквал, левото крило на Барса е Ковид позитивно. За среќа на неговите соиграчи, немале контакт последниве денови, па само тој ќе биде изолиран. 

Но, неговиот татко, Хавиер Чави Пасквал, тренер на Барса, иако негативен на Пи-си-ар тестот, ќе биде исто така изолиран како близок контакт и нема да патува со екипата на првиот меч од Лигата на шампионите сезонава, против Мотор во Запорожје. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk