Металург ја подига формата, настрада Тиквеш

МЕТАЛУРГ - ГРК ТИКВЕШ  36-24   (21-13)
Металург: Шилегов 9, Кондев 4, Петковски 1, Кофилоски 1, Хорват 2, Мариќ 2, Младеновиќ 1, Тодески 3, Рниќ 4, Додиќ 4, Потиќ 4, Митиќ 1, 
Тиквеш: Медиќ 4, Ристовски 1, Лазов 3, Ѓоргиевски 3, Колоски 5, Јанчев 5, Гошевски 3



Натпреварите од домашното првенство се чини се добредојдени за Металург кој видно ја подобрува формата пред дуелите со швајцарскиот тим Кренс Луцерн закажани за 22 и 29 септември. 

Вечерва Металург ја запиша третата победа во првенството, а настрада екипата на Тиквеш од Кавадарци. Со Хорват, Рниќ и Потиќ во тимот, а Какараш, Серафимов и Поповиќ на трибини, Металург беше преголем залак за Кавадарчани. 

Немаше многу неизвесности, Металург поведе 6-3, гостите рамнорпавни се бореа дваесетина минути, имаа тенок минус 10-13, а потоа со серија од 8-3, Металург поведе со 21-13, резултат активен на полувреме. 

Во вториот дел, Металург на стартот постигна два гола и стигна прв пат до плус 10 (23-13), потоа во следните 10-тина минути бепше дистанца 10-12 гола за во последните десет да се влезе со резултат 32-20. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk