ОДЛОЖЕНО: Пик Сегед и ПСЖ ќе чекаат нов термин

ЕХФ го одложи натпреварот од првото коло во ЛШ меѓу ПИК Сегед и ПСЖ



Требаше да биде мечот на колото, но нема да се игра во предвидениот термин. На три дена до мечот, ПИК Сегед објави дека има Ковид 19 во нивните редови и согласно здравствените регулативи во Унгарија, комплетниот тим е во карантин. 

ЕХФ објави дека мечот е одложен, но сега се јавува и малку поинаква опасност, а тоа и мечот од второто коло, закажан за 23 септември во Келце да не се одигра. 
Многу работи зависат од од тоа какви ќе бидат резултатите од тестовите, односно што ќе речат здравствените служби. Карантин од 14 дена значи и дека првиот меч што ќе го играат ќе им биде на 1 октовмри на домашен терен против Вардар 1961. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk