Претседателот на Монпеље, на премерната прес конференција, потврди дека Мелвин Ричардсон ја игра последната сезона во клубот
„Со исклучок на Мелвин Ричардсон, кој изрази желба да замине од клубот, сите други ракометари остануваат најмалку до 2022 година“. Ова се зборовите на Жулиен Делжари, претседателот на Монпеље, со кои им се обрати на фановите на клубот на воведната прес конференција.
Неодамна објавивме дека Барса би требало да биде следната дестинација за супер-талентираниот Французин, заедно со Емил Нилсен, голманот на Нант.
Но, ќе мине време додека стигне и официјалната потврда, иако јасно ја издвојуваме Барса како фаворит за потписот на синот на легендарниот Џексон Ричардсон. За услугите на Ричардсон неофицијално се интересираа и унгарските екипи Пик Сегед и Веспрем, а сигурно и ќе се прошири овој список затоа што левораки бекови се секогаш на цена.