Алушовски ги одбра патниците за Белорусија

Вардар на пладне заминува за Брест, 17 ракометари ќе бидат во чартерот за Белорусија. Меѓу нив и Стоилов и Дизингер



Стевче Алушовски ги имаше сите расположливи сили при изборот на патници за утрешната премиера во Лигата на шампионите. Меѓу нив и ковид-повратникот Столе Стоилов и Кристијан Дизингер кој се (по)жали на проблеми со задниот бутен мускул. 

Вкупно 17 ракометари ќе патуваат во Белорусија, а покрај тројцата голмани во чартерот има резервирано место и за Дизингер, Стоилов, Дибиров, Чупиќ, Вујин, Гаџа, Векиќ, Талески, Георгиевски, Јотиќ, Мишевски, Валчак, Калараш и Димитриоски.

Противникот нема да може да смета на тројца повредени ракометари, а тоа се Обрановиќ, Баранов и Разгор. Но, долга е клупата на Мешков Брест и има адекватна замена за сите тројца. 

Натпреварот ќе се игра во „Викторија“; термините сезонава се фиксни. Вардар и Мешков Брест, ја отвораат ЛШ заедно со Целје и Алборг. Тие две средби се играат со почеток од 18:45. 

Другите два натпревара се Флензбург и Келце од групата во која игра Вардар, а ќе го видиме и Кирил Лазаров кој со Нант на домашен терен ќе игра против Веспрем. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk