Нова десетка за Бутел, богданчани останаа без гориво

БУТЕЛ СКОПЈЕ - МЛАДОСТ 1977     33-23 (15-13)
Бутел Скопје: Мајиќ 14, Митев 3, Мојсоски 3, Илиевски 3, Георгиевски 2, Димовски 2, Омерагиќ 2, Стојановси 1, Спасовски 1, Печенковски 1
Младост 1977: Стоилов 7, Лупашко 4, Динов 4, Михајловиќ 2, Роглев 2, Димитров 1, Банцалиски 1, Лисичков 1, Стојчевски 1



Еуфоријата од првото коло, комплетно спласна со поразите на Астраион и нешто подоцна на Младост 1977. Работите си доаѓаат на место гледано од агол на предвидувањата од пред почетокот на сезоната. 

Дека ќе имаме интересно првенство, ќе имаме. Но, со ваков забрзан ритам, особено откако ќе влезат тимовите во вистинскиот натпреварувачки ритам, ќе ги видиме и сите слабости. 

Што се однесува со Младост 1977, една од нив со сигурност ќе биде издржливоста. Главнината на тимот е добро преку 30 години и со ваков ритам против суперлигаши, веројатно ќе има проблеми.
Вечерва бевме сведоци на натпревар на кој богданчани сосема рамноправно играа 20 минути, нешто повеќе можеби... Но, потоа Бутел Скопје лесно го доби натпреварот. 
Снемаа „гориво“ богданчани, нивниот мотор запре, па мечот беше прилично едностран во второто полувреме. 
Од 15-13, брзо се развиваа настаните во полза на домашните. Поведоа 20-15, 23-17, 26-17за прв пат да имаат и плус десет при резултат 29-19, а и мечот заврши со таа разлика. 

Мирко Мајиќ постигна 14 гола и беше на еден погодок од рекордот на сезоната, во моментов сопственост на Мите Караиванов. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk