Т. Пролет не се шегува, Астраион без шанса во Скопје

Т. ПРОЛЕТ - АСТРАИОН 32-24 (14-10)
Т. Пролет: Василевски 9, Палевски 9, Димов 4, Аларов 2, Мелоки 1, Давитковски 1, Донев 2, Андоноски 2, Мајнов 2, Гичев 1,
Астраион: Караиванов 8, Јаноквски 4, Тренчевски 3, Наков 2, Тасковиќ 2, Кавазов 1, Касапв 1, Спасов 1, Стојанов 1, Ончев 1



Струмички Астраион на крилјата на победата над Радовиш во првото коло, пристигна во Скопје со тајна намера да го изненади и Тинекс Пролет и да стане вистински хит во првенството. 

Но, наиде на сосема поинаков тип на противник отколку во првиот меч. Успеваа струмичани да се држат во ритам до пред крајот на првиот дел, но постоа веќе немаа сила за да се носат со добро поткованиот суперлигаш. 
Палевски и Василевски доминираа на теренот, па дури традиционално најдобриот стрелец на Пролет, Ласко Андновски не мораше да ги држи сите конци во своите раце. 

Во вториот дел Т. Пролет дополнително нагази и од 14-10 стана 21-13, потоа без проблеми го приведе натпреварот до крајот. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk