КЛ7 издржа само едно полувреме

РАДОВИШ - ГОЛДЕН АРТ КЛ7  33-29 (17-15)
Радовиш: Илиев 12, Органџиев 8, Стојановски 6, Трајанов 5, Постолов 2
КЛ7: Илиевски 6, Каковски 5, Димовски 4, Стојков 3, Крстевски 2, Гајиќ 3, Темелковски 3, Ѓорговски 3



Триесетина минути Радовиш стравуваше од можноста да му се повтори првото коло и да загуби натпревар од новодојден клуб во Супер лигата. 
Но, немаше КЛ7 сили за да го повтори подвигот на Астраион. По 17-15 на полувреме, дел во кој гостите од Скопје беа комплетно рамноправи и неколкупати го израмнуваа резултатот, во вториот дел набрзина беше се решено. 

Со серија од 3-0 со голови на Органџиев, Илиев и Трајанов, Радовиш поведе со 20-15 и оттука патот кон победата му беше расчистен. Не импровизираа домашните. Само петмина искусни ги постигнаа сите 33 гола против младиот КЛ7.

Се обидуваа гостите, но најмногу што им појде од рака е да намалат во два-три наврати до минус три. Потоа веднаш домашните предводени од Ивица Илиев (12 гола) се одвоуваа на четири-пет, а кога поведа и со шест разлика дефинитивно беше ставен крај. 

Конечниот резултат е 33-29 за Радовиш и први бодови за нив. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk