Мешков ослабен го дочекува Вардар

Мешков Брест во среда го дочекува Вардар 1961, но нема да може да смета на тројца ракометари



Сандро Обрановиќ, хрватскиот бек што главно игра на позиција центар заработи повреда на турнирот во Задар по што следниве два месеца ќе ги мине надвор од теренот, објави Мешков Брест, по извршените лекарски прегледи.

Обрановиќ незгодно бил „приземјен“ по што заработи повреда на рбетниот столб. Лекарските прегледи ја потврдиле повредата и времетраењето на паузата. 
Неговото отсуство ќе го покријат Словенците Јака Малус и Сташ Скубе. 

Од повреда заздравува и крилото Максим Баранов, со назнака дека наскоро ќе се врати во игра, но кога точно. 
Мешков Брест на неговата позиција го има Микита Вајлупов, нивниот најдобар стрелец. Ниту Симон Разгор нема да биде во тимот. Андреј Јуринок ќе ја покрие таа позиција.
Белорусите се покажаа како добро склопен тим и двете отсуства можеби нема ни да се приметат, но сепак, се работи за проверени играчи што мечот ќе го гледаат од трибините. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk