БиХ четири години не му платила на селекторот

Истекува четиригодишниот договор на селекторот на БиХ со федерацијата. Досега нема земени ниту една плата



БиХ наскоро ќе остане без селектор. Најверојатно. Билал Шуман, еден од нивните најпознати (екс) ракометари се обиде да ги искористи своите скандинавски конекции (во стручниот тим го приклучи поранешниот дански репрезентативец Ласе Босен), но некогаш ентузијазмот не е доволен.

Ракометниот сојуз на БиХ брзо влезе во конфликт со Босен кој за данските медиуми пренесе дел од атмосферата од БиХ, потоа и со Билал Шуман се расклима односот, особено што тој вели дека за четири години нема добиено ниту една конвертибилна марка од договореното. 

Но, првата прична поради која БиХ нема да го има Билал Шуман за селектор на следните квалификации е што тој нема Мастер Коуч лиценца и согласно тоа, нема право да седи на клупата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk