Краус, желбата на Металург раскина со Битенхајм

Михаел Краус годинава беше во кратки преговори со Металург. Не се договорија, а сега раскина и со клубот со кој имаше договор



Металург сезонава во периодот кога беше во потрага по централен бек што ги исполнува квотите на РФМ, упати понуда до Михаел Краус, искусниот германски репрезентативец.
Краус побара време да размисли, но обрските кон семејството (доби четврто дете),, беа причините да не се најдат со Металург на иста бранова. 

Металург го одбра Тарабокија, а Краус продолжи во Битенхјам.

Но, сега и овој договор е раскинат, спогодбено, со меѓусебно разбирање. Причината е истата, обврските кон семејството. Краус во моментов е слободен агент, но за некој да го доведе во свои редови, ќе треба да понуди нешто поради кои семејството ќе може да „истрпи“ уште една професионална сезона. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk