Се откажаа од еден, купија друг вардарец

Флензбург во моментов е без пикери. Инспирација како да ја пополни празнината црпи од ланскиот Вардар



Сергеј Горпишин беше 20-тина на проба во Флензбург и кога се повреди и последниот способен за настап пивот, Јакоб Хајнл, се чинеше дека ќе го „огрее“ сонце. 
Но, Флензбург му се заблагодари на екс вардарецот и ја продолжи потрагата. 

Се откажаа од еден екс вардарец, а на медицински прегледи во германскиот клуб пристигна друг екс вардарец. 

Домен Сикошек Пелко ја напушта екипата на Логроњо и доколку се биде во ред ќе биде заменскиот пикер во Флензбург. 
Словенецот лани дојде во Скопје и релативно добро си ја заврши својата работа и избори би рекле солидна минутажа во силната конкуренција со Стоилов, Калараш и споменатиот Горпишин. 

Нема многу детали околу овој трансфер, но со оглед на тоа дека тој веќе имаше валиден договор со Логроњо, сосема е логично да има веднаш договор, а не како во случајот во Горпишин - пробен период. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk