Македонија домаќин на квалификациите за СП

Грција прифати, па се откажа од организацијата на групата. РФМ ја прифати да ги организира квалификациите




Ракометената федерација на Македонија им сервира убава шанса на женските сениорски репрезентативки да се пласираат во баражот за СП. 

РФМ ја прифати организацијата на квалификациската група, па така Македонија, Исланд, Литванија и Грција, за двете места што водат во баражот, ќе играат во Скопје почнувајќи од 4 декември. 

Првично Грција имаше шанса да прифати организација, тие тоа и го сторија, но подоцна ЕХФ го тргна нивното име од графата организатор. 

Сега е потврдено, Македонија ќе биде домаќин.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk