Кил купува во Порто, најдена замена за Билик

Кил го сака младиот португалски бек како замена за повредениот Никола Билик



На почетокот на сезоната Кил имаше вишок на позицијата лев бек, но го продаде Лукас Нилсон, подоцна сериозно се повреди Никола Билик и сега практично нема класичен лев бек, иако четирите центри (Сагосен, Дувњак, Зарабец и Хорак) би можеле комплетно да ја покријат таа позиција. 

Но, на Кил му треба шутер каков што е Билик, па откако беше потврдено дека на 28-29 декември ќе се игра Фајнал Фор во Келн, КН-Онлјан (локален весник од Кил) објави дека „зебрите“ веќе одбрале замена за Билик. 

Андре Гомеш, младиот бек на Порто е желбата на Кил. Гомеш можеби го паметите, заедно со десниот бек Диого Силва ја прославија јуниорската репрезентација на Португалија. 



Порто кој е во група со Вардар, ако се согласи на ваков дил, сигурно добро ќе заработи, но ќе биде значително ослабен, со оглед на тоа дека неговата евентуална замена, Мартим Кошта, иако според нас е најдобар светски играч до 18 години... сепак има само 18 години и не е зрел за ЛШ.

Понуда од Кил не се одбива, барем така гласи флоскулата, па очекуваме наскоро и епилог на оваа интересна новонастаната ситуација.  

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk