Ракомет на Ролан Гарос

Организацијата на Олимписките Игри Париз 2024 влезе во фаза на кратење на трошоци



Франција, односно Париз почнаа да ги кратат трошоците за организација на Олимписките Игри 2024 година. Еден од маневрите за помали трошоци се пренамена на објектите во кои ќе се игра. 

Ракометот некако секогаш е прв на удар кога се кратат трошоците. Така е и во овој случај. Олимпискиот комитет има идеја ракометот да се игра на централниот терен на Ролан Гарос, нормално соодветно покриен, објави Л'Екип. 

Веднаш е побуни тениската асоцијација на Франција, затоа што тоа значи дека тенисот би се играл на Второто игралиште. Се крена тензија, па наводно информацијата која протекла до Л'Екип не била комплетна... Но нема негирање дека се планира ракомет да се игра на Ролан Гарос. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk