Аеродром потпиша со лев бек од својата школа

Скопскиот клуб трансферираше од младинскиот погон лев бек виок 190 см



Аеродром продолжува да го комплетира играчкиот состав, но сега со играчи од својот погон, со оглед на тоа дека преодниот рок заврши минатата недела. 

Бојан Шумоски, лев бек висок 190 сантиметри доби професионален договор со клубот. Во текот на подготовките и контролните натпревари, се покажа потреба за поголема разновидност на бековските позиции, па клубот одлучи тоа да го реши со шанса за како што велат, еден од најлојалните ракометари во нивниот клуб. 

Аердром заедно со Вардар Неготино се на хартија најголемите фаворити за врвот на табелата во Прва лига следната сезона. Направија поголеми играчки промени, вклучително што неколку нивни играчи потпишаа за клубови од Супер лига... па сега составија поинаков, но можеби и поквалитетен тим од лани,

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk