Македонски ракомет, на Македонска Телевизија

Ракометот одново се враќа на малите екрани, секој петок и понеделник, преноси од Супер лига



Изгледа како мал, но седум милји е долг чекорот направен во пресрет на новата ракометна сезона. Македонската Супер лига се враќа на МРТВ, на МТВ 3 секој понеделник и петок ќе се пренесуваат натпревари од домашното првенство. 

Екипите во првенството се прилично изедначени, резултатски нема да фалат неизвесности, коментаторите се  одлични, искусни, со добро познавање на ракометот, единственото на што сериозно ќе мора да се работи сезонава за следната да се направи нов „мал“ чекор од седум милји е амбитентот во кој ќе се игра, односно изгледот на салите. 

Како и да е, во вистински правец е овој потег, ќе има можност целата спортска јавност да ги запознае играчите што досега не можеше да ги види, освен во живо или на стрим, па и сама да просуди за квалитетот што го поседуваме. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk