Флензбург се откажа од пикерот на Вардар

Иако во моментов сите три пикери му се повредени, Флензбург не потпиша со довчерашниот пивот на Вардар



Флензбург во моментов нема пикер во екипата. Повредени се сите тројца пивоти, а сезоната во ЛШ има стартува за една недела. 

Повеќе од две недели кај нив на проба беше Сергеј Горпишин, лани пивот на Вардар. И откако се повреди Хајкоб Хајнл, последниот здрав пивот, се чинеше дека северното сонце ќе го огрее Горпишин. 

Но...

„Горпишин е многу добар човек. Многу брзо се вклопи со нас, но нас ни треба играч што многу побрзо од него ќе може да ни помогне на терен“, изјави тренерот на Флензбург, Маик Макула. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk