Место во пензија - во ПИК Сегед

Словачкото крило, место да игра во клубот од детството - ќе игра во Лигата на шампионите



Словчкото крило Мартин Страновски, сезонава замина од Татран Прешов и требаше да се пресели во екипата на Нове Замки, неговиот клуб од детството каде што требаше да ја заврши кариерата. 

Но, нема да биде така како што тој замисли. На 34 години го потпиша вториот најдобар трансфер во својата кариера, по тој во Барса. 

Мартин Страновски е нов играч на ПИК Сегед. Таму доаѓа откако Унгарците се најдоа во проблем затоа штио им се повреди Исланѓанецот Стефан Сигурмансон. Трансферот е реализиран и тој ќе може веднаш да настапи за противниокот на Вардар во ЛШ. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk