Влчеа слави, тренерот пред инфаркт

Влчеа го совлада ЧСМ Букурешт во финалето на Купот на Романија, но нивниот тренер не беше во состојба да го води мечот до крајот



Влчеа го совлада ЧСМ Букурешт во финалето на Купот на Романија, но нивниот тренер Флорентин Пера, познат по темпераментот, едвај го дочека на нозе крајот на мечот. 

Флорентин Пера во активностите околу терен е познат по тоа што лани сакаше да се тепа со Пер Јохансон, тогаш тренер на ЧСМ, а има завршено и во болница поради срцеви проблеми, а има и излезено од болница само за да води натпревар. 

Вчера, во финишот на мечот не можеше понатаму. Мораше на клупа каде го „ладеа“ и средуваа доктори и физиотерапевти, додека неговиот асистент Горан Куртеш го приведе мечот до крај. 

„Напнатоста го направи своето. 'Фала' му на Бога што сум добро. Ќе се трудам, морам да бидам повнимателен со своето здравје“, коментираше Пера по натпреварот. 

Инаку за Пера, ова е прво добиено финале со ЧСМ Букурешт по три порази. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk