Вардар се симна од тронот, Веспрем е нов СЕХА шампион

ВАРДАР 1961 - ВЕСПРЕМ   27-35 (12-15)
Калараш 6, Јотиќ 4, Валчак 4... 



Вардар се симна од СЕХА тронот и му го отстапи местото и круната на Веспрем. Унгарците денеска покажаа дека барем во овој момент се поинаква класа од екипите што се појавија во Задар. 

Уште од стартот Веспрем ја презема контролата, поведе со 3-0, 6-2, 10-6, притоа имаше и четири промашени топки на празен гол или лошо изведен напад на празна мрежа. Тоа доволно кажува за односот на силите, иако Вардар се обиде да изведе еден од своите специјалитети - кам бек. 

Тоа му успеа делумно, стигна до 12-15 на полувреме, но потоа одново за се на теренот се прашуваше Веспрем. Дури немаше ни посебен набој на натпреварот откако од 19-16 резултатот стана 25-18, 28-20... 

Веспрем ротираше речиси цел меч, а во финишот шанса да играат во финале добија и резервистите од Вардар, па средбата заврши со убедливи 35-27

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk