Прв пораз за битолчани, АЕК подобар од Е. Пелистер

Заврши серијата на победи на битолчани. Грчкиот АЕК без поголеми проблеми вечерва дојде во победа



Ништо од посакуваниот реванш на Пелистер за поразот во ланското финале во Струга. Вечерва во Атина, битолчани го запишаа првиот пораз во подготовките за новата сезона. Загубија 29-31 од АЕК, но тесниот резултат може да излаже.

АЕК и Е. Пелистер беа израмени 24 минути во првиот дел и моментот кога на семафорот беше 12-12. Потоа со серија од 5-0, Грците заминаа на одмор со 17-12. 
Во вториот дел АЕК имаше предност од 5 до 7 гола разлика се до финишот, кога Е: Пелистер намали на тесни 29-31, но без шанса да направи резултатски пресврт. 

Во вторник овие два тима ќе одиграат уште еден меч по што битолчани се враќаат назад. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk