Мешков се загреа за меч со Вардар

МЕШКОВ БРЕСТ - ППД ЗАГРЕБ   29-24 (14-12)



Мешков Брест го освои третото место на турнирот во Задар. Денеска без поголеми тешкотии го совладаа ППД Загреб, го контролираа мечот сето време, но не оставија којзнае каков впечаток. 

ППД Загреб кој беше во минус четири, на крилата на голманот Јандриќ, во еден момент стана и резултатски конкурентен и израмни на 21-21. Но, потоа Мешков Брест одново премина во мини офанзива и брзо ја врати предноста за конечна победа.

Мешков на овој начин се загреа за дуелот со Вардар од првото коло на ЛШ. Не беа импресивни Белорусите, особено нивниот тренер остави впечаток што ни дава надеж дека Вардар во Брест нема да биде без шанси. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk