Скапиот состав на ЧСМ Букурешт, одново поразен во домашното првенство. Во финалето на Купот, триумфираше Влчеа
Пари „колку сакаш“, ѕвезди колку сакаш, тренери исто така колку сакаш, а едно останува константа. ЧСМ Букурешт ништо не може да освои. Дури ни во Романија. Двата последни пехари, завршија во рацете на Влчеа.
Денеска се играше финалето на Фајнал Фор турнирот во Романија, во кое Влчеа со 22-19 го совлада ЧСМ Букурешт и го подигна престижниот пехар.
Глибко беше најдобрата ракометарка на Влчеа со 5 гола, додека Неагу со 7 најефикасна на натпреварот.
Влчеа речиси редовно го добива ЧСМ откако одново беше воспоставено ривалството, во 2018 година. Кога ќе пребарува ЧСМ кога и како го совладал ривалот, ќе види дека тоа единствено му пошло од рака додека тренер им беше Драган Ѓукиќ, со драстично ослабен тим. Можеби (додека) е време да му се заблагодарат на актуелниот тренер и да испратат понуда до Србија.