Е. Пелистер спрема македонска одмазда во Грција (ЛИНК)

„Одмаздата е јадење што најдбро е да се сервира ладно“. Кредитот за оваа реченица е за францускиот дипломат о 18 век, Шарл Морис, но вистинската слава ја доживеа со Клингонците во „Ѕвездени патеки 2“ и со воведната сцена од филмот „Кил Бил“ на Квентин Тарантино. 

Вечерва за првото место на турнирот во Атина ќе играат АЕК и Е. Пелистер. Убава можност да им се врати на Грците за „Струга 2019“



Грчкиот АЕК лани го изненади Е. Работник во финалето на турнирот во Струга и го однесе пехарот од најстариот македонски турнир во Атина. 
Една цела година чекаше Е. Пелистер. И за да го врати пехарот во своите витрини и за шанса да им се реваншира на Грците. 

Шансата им се пружа неочекувано, на турнир во Грција. Во воведните две кола и Е. Пелистер и АЕК лесно излегоа на крај со Анортозис од Кипар и Диомидис од Грција. Вечерва од 18:00 часот, АЕК и Е. Пелистер во реприза на струшкото финале ќе играат за победничкиот пехар. 

Натпреварот ќе можете да го следите на Ју-тјуб каналот на АЕК на следниов ЛИНК

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk