Зошто не пехар? Ни Веспрем не игра којзнае како

За време на корона паузата, не еднаш пишувавме дека кога ќе се рестартира сезоната, додека екипите ја пронајдат својата форма, ќе паѓаат големи имиња. 
Денеска се чини е убав ден за да падне едно големо име



Последен пат кога се сретнаа Вардар и Веспрем во финале, тоа беше финалето на Лигата на шампионите 2019 и знаеме како заврши тој меч. Потоа играа во групна фаза во ЛШ каде Веспрем беше подобар, а сега одново се среќаваат во само една битка за пехар.

Пет месеци корона пауза го зема својот данок. Не личат многу на себе екипите кога ги гледаме на терен. Но, тоа нема да трае вечно. Нема да трае ни долго. Кога во еден момент ќе земе залет сезоната, одново ќе бидат тие старите. Прашање на денови е. 

Гледајќи ги составите, буџетите, амбициите, резултатите од минатата и од предсезоната, Веспрем е фаворит вечерва. Но, да бидеме реални и критични. Ниту Вардар игра нешто посебно, но ниту пак Веспрем игра којзнае како. Всушност, губеа и од унгарски екипи во предсезоната, Келце ги победи кога им беше на кафе-гости, а и против Мешков Брест не се изнаиграа во петокот. 

Можеби ако Раул Алонсо го имаше погодено рецептот со ротациите, не ги заборавеше Скубе и Шкуринскиј на клупа, а го дисциплинираше Санталов, ќе гледавме поинакво полуфинале, а можеби и поинаков противник на Вардар во финалето. 

Ако би требало да се бира време во кое е најзгодно да се игра и победи Веспрем, тогаш тоа е денеска. Не само што не играат во голема форма, туку ги немаат со себе и Расмус Лауге и Николај Маркусен. Со двајцата Данци во тимот, Веспрем е поинаква композиција со многу повеќе решенија. Особено оние што ги нуди врвниот плејмејкер. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk