Португалскиот ракомет минатата сезона беше во голем подем. Сезонава ја почнаа неславно
Португалскиот ракомет минатата сезона, а и таа пред неа, беше вистински европски хит. Почнувајќи од нивните кадетско-јуниорски репрезентации, сениорскиот тим, па сето тоа се префрли и на клубовите.
Сезонава ја почнаа неславно, клупски. Двата нивни претставника во првото коло од квалификациите за Лига Европа се елиминирани од релативно анонимни клубови уште во првото коло.
Бенфика, екипа што се двоумеше дали да игра ЛЕ или не, е елиминирана од австрискиот АОН Фајверс. Победи дома Бенфика 28-26, но на реваншот беше поразена со 34-38 и се „спаси“ од натамошни евро-авантури по аеродроми, протоколи и слично.
Беленесес пак ги крена акциите на словенечкиот Тримо Требње и го прослави тренерското деби на Урош Зорман. Беа поразени и дома и на гости. Дома загубија 23-28, на гости 26-28.
Кратко траеше славата и на хрватскиот тим Горица. Тие на гости ја совладаа романската Турда со 29-27, но дома беа поразни 27-32 (11-17).
РЕЗУЛТАТИ ЛИГА ЕВРОПА
Металург* - Спачва 35-28 (25-29)
Бутел Скопје - Ѓунѓеш* 25-24 (12-14)
Скјерн* - Малме 27-26 (26-25)
Бенфика - Фајверс* 28-26 (34-38)
СКА Минск - ЦСКА Москва 25-25 денеска
Турда* - Горица 24-26 (32-27)
Констанца - Ставропол 26-18 денеска
Кренс* - Дубрава 28-26 (28-19)
Белененсес - Требње* 23-28 (26-28)
Холстебро* - Валур 10-0 (10-0)
Азоти Пулави* - Хаслум 10-0 (10-0)
Кристијанштад* - Арендал 10-0 (10-0)
Еш - Винтертур 0-0 денеска
Екс Прованс - Бидасоа 0-0 денеска
Бјерингбро - Мелзунген (31-27) денеска
* Екипи што се пласираа во второто коло
**Во заграда се резултатите од реванш натпреварите