Аеродром подобар од Металург 2, Јуниор К.В од Бутел...

Финишираат подготовките, се играат последните контролни натпревари 



На својот прв контролен дуел против екипа од Прва Лига, екипата на Аеродром го совлада Металург 2, тесно 29-27 (15-14). 
Металург 2 отвори подобро, поведе со 6-2, но потоа следеше серија од 4-0 за Аеродром, израмнување на 6-6, а подоцна и го преземаа водството (8-7), па дојдоа и до предност од 11-7. 
Во вториот дел Аеродром го задржа  водството и стигна до триумф со кој ја подига самодовербата пред стартот на Првата лига, каде се очекува да играат една од главните улоги. 
Металург 2, пак, има пораз и од Јуниор Кисела Вода, но и победа над Работнички. 


Тинекс Пролет го олади залетаниот Е. Пелистер 2. По добрите партии во Охрид и против првиот тим на Е. Пелистер, битолчани нагазија на мина во Скопје. 
Петар Ангелов бранеше во голем стил, а Пролет запиша голема победа од 28-19 на последната контрола. Скопјаните се вброени како фаворити во групата, за пласман во Плеј оф првенството. 

Јуниор Кисела Вода го изненади Бутел Скопје и го совлада со 29-28 на нивната пресметка. Оваа победа на новиот суперлигаш покажува дека ќе имаме поинтересно првенство отколку што се очекуваше. 

Тиквеш му се реваншираше на Голден Арт КЛ7 и од „втора“, на свој терен, го совлада со 31-26. Подобриот старт на кавадарчни и петте гола предност на полувреме беа решавачкиот фактор на овој натпревар. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk