Франција укинува нерешено, воведува пенал рулет

Во првенството на Франција следната сезона би можело да нема нерешен резултат



Интересен предлог се најде на маса во Франција. Идејата е да се укине нерешениот резултат и ако средбата заврши без победник, на крајот да се шутираат седмерци. 

Ако средбата заврши нерешено двата тима добиваат загарантиран бод. Но, екипата што ќе победи по изведување на седмерци, ќе добие уште еден екстра бод. Во Франција за победа се добиваат два бода, па пенал рулетот ќе донесе бод за победа на поуспешните пеналџии. 

Минатата сезона сите екипи во Франција имаа барем еден нерешен натпревар. 

Предлогот е интересен затоа што никој не губи, а би можел да заработи. Одговорот на овој предлог од Франција ќе го слушнеме наскоро. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk