Т. Пролет ја подига формата, подобри од Прилеп на контролата

Т. ПРОЛЕТ - ПРИЛЕП   28-25 (12-12)




Тинекс Пролет забележа победа во подготвителниот период, овојпат над Прилеп со резултат 28-25. Тренерот Никола Матлиески на овој меч не можеше да смета на Џонов, кој заработи ситна повреда на претходниот меч со Металург, но се очекува овој ракометар да биде подготвен за стартот на новата сезона.

Прилепчани порано од скопсиот тим почнаа со подготвителни натпревари и се во напредна фаза, па очекувано се покажаа како цврст ривал.Средбата беше израмнета во најголемиот дел, на полувреме беше 12-12, а во второто полувреме скопјаните стигнаа до предност што на крајот ја претворија во победа. 

Т. Пролет во петок ќе игра со Пелистер 2, што воедно ќе биде и последна контрола пред стартот на новата сезона закажан за 11 септември.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk